Вести Македонија Топ вести

27 починати од ковид 19, нови 314 случаи

Во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на КОВИД-19 во:

Скопје –143, Куманово – 30, Битола – 18, Велес – 16, Струмица – 15, Прилеп – 14, Штип и Охрид – по 9, Тетово и Ресен – по 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Кавадарци и Виница – по 5, Гостивар и Кичево – по 4, Свети Николе и Струга – по 3, Берово и Пробиштип – по 2, Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 557 оздравени пациенти од:

Пријавени се вкупно 27 починати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). 26 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.

Следниве денови се очекува комисијата повторно да ја разгледа ситуацијата со пандемијата и да донесе мерки во пресрет на празниците. Министерот за здравство, Венко Филипче порача дека состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, и дека мерките дадоа резултати.

„ Пред нас следат празници, слободни денови и убаво време. Да ги искористиме одговорно, да не се групираме и да не ги кршиме мерките за заштита. ,, порача тој денеска на Фејзбук.  Вкупно 1507 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиени тројца Палестинци во напад на израелските доселеници врз село на Западниот Брег

Дејан Дејан

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе