Вести Македонија Најважни

Се лекуваат 1507 пациенти со Ковид-19

Вкупно 1507 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 16 приеми.

Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет примени пациенти и пет билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примен еден нов болен, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид – центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на Ковид-19 и четири мајки, а на ГАК има тројца позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 150 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На  инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43, во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе