Вести Економија

Без државната помош во следните три месеци на улица ќе останат 10.000 работници

Над 30 отсто или околу 10.000 работници од текстилниот сектор во наредните три месеци можат да се најдат на улица, доколку компаниите не добијат државна помош за април, мај и јуни. Сопствениците на конфекциите калкулираат и очекуваат во текот на наредната недела Владата да се изјасни дали ќе одлучи за  седми пакет на мерки. Колку компании кренале раце и ќе стават клуч на фабричките хали ќе се знае до 30 април, кога завршува аплицирањето за петтиот сет на мерки. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека во моментов голем број на компании немаат нарачки од странските партнери, поради локдаунот во Германија и земјите во Европската унија, каде ги пласираат производите.

Во моментов помалите компании бараат работа за да ги зачуваат работните места, но кризата е голема. Засега опстојуваат поголемите, кои успеале да направат преструктуирање на прозиводството. Димитров појаснува дека во моментов нема нарачки за белите кошули, спас наоѓаат во униформите и кежуал облеката, бидејќи голем дел од вработените работат од дома.

Текстилните компании кои изминатите години акумулирале добивка и зачувале резерви поради ваквата ситуација размилуваат и за бегање од овој сектор, а капиталот да го вложат во друг бизнис.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Британија ќе засолнува сопствени баратели на азил и емигранти во центри низ Македонија- името на државата, според медиуми, е меѓу дестинациите со кои Лондон преговара

Дејан Дејан

Вонредна состојба во болницата во Кочани

Дејан Дејан

„Вреди“ преговараат за проширување на пратеничката група, Алијанса обвинуваат дека и сегашната е неделовничка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе