Ковид19 Македонија Најважни

75 годишен пациент избегал од штипската ковид модуларна болница

Пациент од Пробиштип избегал од модуларната болница, по еден час пронајден е мртов во околната уличка. Седумдесет и пет годишниот маж околу полноќ излегол од задниот влез на модуларната болница, од каде што вработените ги внесуваат пациентите, кои се за болнички третман, додека главниот влез бил затворен. Случаен минувач 35 минути по полноќ на улицата Мирче Ацев на неколку метри од болницата, повикува полиција. Првично поради најдени траги од кочење на автомобил се проверувало дали станува збор за прегазен пешак, но подоцна е утврдено дека станува збор за пациентот кој избегал од модуларната болница.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека се работи на расветлување на случајот, а на лице место излегле полицијата и јавен обвинител. Обдуцијата покажала дека нема видливи траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробната пневмонија.

Директорот на штипската Клиничка болница-Ален Ѓеорѓијев за Телма вели дека веднаш е формирана комисија за квалитет, која треба да го истражи случајот и да достави извештај  до него.

Комисијата откако ќе го истражи случајот, извештајот ќе го доставам до дисциплинската комисија. со повеќе детали за случајот јавноста ќе ја информираме во понеделник, рече Ѓеорѓијев

Посочува дека доколку се утврдат пропусти ќе има и санкции за вработените кои биле во болницата.

Во изминатите 24 часа во штипскиот ковид центар починаа двајца пациенти од Штип и Виница. Загрижува и тоа што 61 пациент се на постојана кислородна поддршка.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе