Бројот на пациенти на дневна болница и сместени во ковид-центарот во Струмица постојано варира. Последниве десетина денови има генерално намалување, но непредвидливо е бидејќи во некои периоди може да има голема гужва и се ставаат капацитетите на максимум.
Кузмановска вели дека им е потребна поголема поддршка од матичните лекари, бидејќи само така ќе може да се превенира компликација кај пациентите. Редовното следење и упатување во ковид-центарот е клучно во целиот процес.
Струмица псоледнава седмица е едне од градовите со најмногу новоинфицирани случаи со ковид-19, но оваа бројка на ниво на град е помала за разлика од претходната седмица.
Сузана Мицева