Вести Македонија Најважни

39-годишен маж ја уби својата партнерка и се обиде да се самоубие

39 годишен стружанец  до смрт со нож ја избодел 34 годишната сопруга додека биле на гости кај пријатели, а потоа се обидел да се самоуби, но безуспешно. Оваа семејна трагедија се случи вчера после 19 часот, кога во струшката полиција било пријавено дека на улицата „Ристо Крле“ во Струга по семејна расправија,  со нож е повредена 34 годишната С.Р. Веднаш била повикана итната помош која констатирала смрт кај малдата жена, а повредениот сопруг  Ј.Р, бил префрлен во Општата болница во Струга. Во станот каде беше извршено убиството Обвинителството изврши увид, а истрагата е во тек.

„Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета.По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството информираат дека од  местото на настанот  прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено убиствот. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот. По обидот за самоубиство 39 годишниот осмничен маж е опрериран и е надвор од животна оспасност.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца осомничени за разбојништво во Куманово

Дејан Дејан

Убиени уште двајца високо рангирани ирански генерали

Дејан Дејан

Повеќе од 30.000 громови ја погодија Велика Британија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе