Економија Топ вести

Бесими: Не можам да кажам дека повторно ќе има финансиска поддршка за исплата на плати

Компаниите до крајот на месецот може да аплицираат за да ги добијат парите за финансиска поддршка за исплата на плати – но од владата засега нема најави дека истата мерка ќе продолжи во следните месеци. Во февруари и март – 18.772 компании не исплатиле плата на свпоите вработени. Но УЈП – имајќи предвид дека не се стигнати субвенциите од петтиот пакет нема поднесно опомена и присилна наплата.

Во февруари и март годинава 64.609 работници не добиле плата. Односно, нешто помалку од 19 илјади компании, чекајќи ги мерките од петиот пакет ги оставиле вработените без платата два месеци.

Имајќи предвид дека се очекува реализација на мерката за финансиска поддршка од петиот сет антикризни мерки се уште немаме започнато, како даночен орган, да спроведуваме присилна наплата по неплатени МПИН за февруари, ниту опоменување за неплатените МПИН за месец март 2021“ – Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

За да ги добијат субвенциите за плати за февруари и март, компаниите ќе може да аплицираат во крајот на месецот, но нема најави дека оваа мерка ќе продолжи.

„Во овој момент, не можам да ви кажам дека повторно ќе има мерка за плати, ќе следиме според потребите и така ќе реагираме“ – Фатмир Бесими, министер за финансии 

Освен тоа што финансиската поддршка за плати целосно може да стане неповратна ако се инвестира во основна опрема, грант може да бидат и дел од кредитите од бескаматната линија.

„Фирмите ќе може да аплицираат за кредити од 3 до 30 илјади евра и предвидено е за компаниите што ќе го зголемат бројот на вработени или прометот, дел од бескаматниот кредит да им се трансформира во грант“ – Фатмир Бесими, министер за финансии.

За неколку месеци ќе биде готов и ребалансот на буџетот а во меѓувреме се работи на даночната реформа, за што детали не се соопштуваат во која насока ќе бидат измените. А министерот за финансии Бесими – вели дека засега не се разговарло за намалување на ДДВ за електричната енергија, во пресрет на новата цената што треба да се донесе во јуни, и што не е исклучено дека ќе биде со нагорна корекција.

Наташа Стојановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе