Вести Македонија Најважни

Полицискиот час останува на сила уште една седмица

Полициски час од 20 часот навечер до 5 часот наутро и затворени угостителски објекти. Постоечките рестирктивни мерки остануваат на сила барем уште една недела. Ова е одлуката која утрово ја донесе Комисијата за заразни болести и која како предлог ќе ја достави до Владата која, повеќе од извесно е дека ќе ја усвои на наредната седница која ќе се одржи утре.

Здравствените валсти најавија дека одлуката за евентуалното продложување на мерките ќе зависи од бројките на новозаболени и пред се на хоспитализирани. Дневните статистики покажуваат благ пад на новите случаи на дневно ниво но трансимсијата е сеуште висока а болниците и Ковид центрите се преполни. Најголем дел од пацинетите имаат тешка клиничка слика и се кислородна поддршка.

Министерот Филипчер, по состанокот со директорите на Ковид центрите и клиниките соопшти дека мерките даваат резултати и состојбата се стабилизираи.

„Направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот  се до денес. Состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти. Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“

Заклучно со вчера, во Ковид центри и на инфективните одделенија во болниците во Скопје и во внатрешноста на државата имаше 1.687 хоспитализирани пациентиСпоред официјалните податоци на министерството за здравство

Комисијата треба да заседава повторно следнито понеделник кога ќе одлучува дали ќе ги продложи или ублажи рестирктивните мерки за време на Велигденските празници.

Попладне треба да стигне првата пратка вакцини од производителот „Фајзер“. Станува збор за 10 илјади дози кои преку софискиот аеродром ќе бидат испорачани во Скопје, а веќе наредниот понеделник се очекуваат дополнителни 10 илјади дози.

Според најавите на премиерот Заев и министрот Филипче, до крајот на месецов треба да пристигнат и 200 илјади дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ со што ќе се овозможи стабилен и непречен процес на вакцинација на населението. Досега се вакцинирани 39 илјади граќани а во оваа бројка не се вклучени македонските дражвјани кои се вакцинираа во соседна Србија.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Додека трае истрагата за 29 полицајци, Обвинителствп за гонење организиран криминал и корупција не може да ги прими на средба родителите од Кочани

Дејан Дејан

За Жерновски цела ВМРО-ДПМНЕ живее во розов свет, Лефков дециден дека со закочени автопатишта нема економски раст

Дејан Дејан

Лефков: Ние веруваме во нашите партнери во ЕУ, не веруваме во интересите на Бугарија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе