Кулминација на политичките тензии во Собранието. Наместо дебата – кавги, наместо закони – блокади, како ќе продолжи Собранието да функционира? Дали потегот на пратениците во скафандери беше херојство или терористички чин? Колку опозицијата ја прифаќа реалноста на кризната состојба? Дали партиите го жртвуваат пратеничкиот углед?
Во Топ тема со Сања Васиќ дебатираат пратениците Диме Велковски од СДСМ, Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, Арта Биљали Зендели од ДУИ и Елми Азири од Алијанса за Албанците.