Култура Топ вести

Започнува културната заштита на Ислахането во Битола

Познатото битолско Ислахане, зградата  која во Османлиско време беше училиште за занаети и уметност, државата ќе го стави под заштита. Монументалниот објект, стар 120 години, меѓу битолчани познат како стариот Прогрес, е пример за негрижата за нашето  културното наследство, затоа што со години  е руниран, а фасадата целосно се распаѓа. Министерката за култура Ирена Стефоска, денеска дојде во Битола да го одбележи Светскиот ден на споменици и локалитети и да ја најави заштитата на Ислахането.

-Со чествување на овој ден, ние му оддавме почит и на нашето огромно културно добро, но не само за да се потсетиме дека го имаме во изобилство, туку да потесетиме дека мораме да го сочуваме и покрај сите предизвици. Затоа, денеска, сакам да соопштам дека Завод и музеј Битола, ислахането го става во списокот на објекти под времена заштита, рече министесрката за култура Ирена Стефоска.

Од битолскиот Завод и музеј велат дека обејктот е евидентиран  и извршена е валоризација од нивна страна, но, нема, статус на објект под заштита, но,  постапката е веќе отпочната.

-Со цел унапредување и редефинирање на статусот на овој објект  како посебен споменик на културата, од страна на стучните лица во Завод и мзуеј Битола, во соработка со Управата за заштита на културно наследство веќе е започнат процесот за негова привремена заштита, вели Мери Стојанова, директор на Завод и музеј-Битола.

Меѓу седумте изградени на Балканто во тоа време, битолскот и солунското ислахане се единствените сочувани. Зградата функционирала како училиште од 1902 до 1912 година, потоа се користела како магацински простор,  а тука биле сместени и производствени погони на битолски фабрики. Објектот  денес е  приватна сопсвеност и ставен на продажаба.

Емилја Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Пакистанците и Индијците слават по одлуката за примирје

Дејан Дејан

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе