По насилствата со секири и стапови меѓу жителите на кочанската населба Трајоново Трло и билиските на малолетникот, кој според жителите бил фатен во обид за кражба во една од куќите пред два дена, резултираше со кривични пријави за девет лица, кои го тепале малолетникот и објавиле на социјалните мрежи. Тие ќе одговараат за насилство врз дете. Но, од вчера на социјалните мрежи се споделува и видео клип од човек, кој се претставува дека е татко на малолетникот. Видеото е вознимирувачко и на него се гледа, како лицето со пиштол и нож во рацете упатува смртни закани кон лицата, кои го тепале неговиот син.
СВР-Штип работи на овој случај и според проверката на терен лицето не е во земјава, но се работи на негово обезбедување.
Тепаното дете сега и пред инцидентот е сместено во згрижувачко семејство, пред извесен период е пријавено дека избегало од кај нив. Според текот на случувањата, тоа било кај биолошките родители. Според извори вклучени во постапката детето има модринки и е многу исплашено. Последниот инцидент е резултат на повеќегодишните проблеми и тензии со кои живеат жителите на кочанската населба Трајаново трло. Тие веќе организираа и протести, со кои побараа поголема вклученост на полицијата, бидејќи нивните домови постојано се мета на крадци. Самите организираа граѓански патроли, за да можат да ги одбранат своите куќи од крадците.
Викторија Димитрова Јованова