Ковид19 Македонија Топ вести

Над 300.000 вакцини ќе пристигнат до крајот на април

Над 300 илјади вакцини од различни производители ќе пристигнат во земјава до крајот на месецов. Заради масовната вакцинација се размислува да се  отворат нови вакцинални пунктови и да формираат два посебни штаба во кои ќе бидат вклучени дел од министрите и државните институции со цел подобро да се организира целиот процес на имунизација.

За 20 дена ќе пристигнат нови 300 илјади вакцини. 200 илјади се кинески , 20 до 25 илјади се од Ковакс системот , ќе пристигнат и одредени количини од Спутник В и Фајзер.Се размислува за отворање на нови вакцинални пунктови доколку максимално се искористат капацитетите на постојните.Може да се користат други спортски сали или пак вакцинирањето да се врши на отворено.Владата размислува да формира два посебни штаба.Во едниот ќе учествуваат министерите за здраство,за надворешни работи, за одбрана и за европски прашања за поефикасно транспортирање и прифаќање на вакцините кои се нарачани , додека во вториот штаб ќе бидат вклучени МВР, Центарот за управивање со кризи и други институции за подобра организација на процесот на вакцинација. Премиерот Заев вели дека не може да се бара одговорност за недостигот на вакцини затоа што со овој проблем не се соочува само нашата земја.

Амбасадорот на Русија во Македонија, Сергеј Баздникин очекува руската страна целосно да го испочитува договорот за испорака на вакцините Спутник.

И додека здраствените капацитети се исполнети до максимум, дел од приватните клиники излегоа во пресрет на граѓаните намалувајќи ги цените на услугите.Болницата ,, Жан Митрев,, соопшти дека ја намалува цената на лекување од 12 000 на 6000 евра за полуинтензивна нега. За 50% се намалени и услугите на магнетна резонанца на срце и компјутерска томографија на бели дробобови.Наспоти ова речиси сите лаборатории ги зголемија цените на испитување антитела откако се зголеми интересот на граѓаните да направат проверка непосредно пред примањето вакцина.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе