Вести Македонија Топ вести

Медикоптери по пандемијата, а дотогаш одговорност за случајот со Златко Божинов

Барање одговорност преку социјалните мрежи а дописи до владата да испратат центарот за управување со кризи, мвр и општина Кратово. Ден по смртта и една седмица по спасувачката мисија на премрзнатиот овчар од с. Емирица, Кратовско, Златко Божинов 4 надлежни инстиуции ја бараат вината за пропустите во постапувањето во спасувачката мисија која заврши со смртта на овчарот во штипската болница.

Владата ќе чека внатрешната контрола да ги даде одговорите кој е виновен зошто лекарот од Кратово барал помош во непристапниот терен, а не добил соодветна логистика.

Хеликоптер, трактор за на крај лекарот и роднините да добијат Џип Лада Нива. По меѓусебната кординација на полицијата, регионалиот ЦУК во Кратово, градоначалникот  и здравствениот дом лекарот Павле Зафиров и роднините во планина тргнале со возило кое заглавило во соспи снег и кал па морале на раце 5 часа да го носат Божинов на носила.

Наместо единствен систем за помош и спасување одлуките ги носеле поединци реагира вицепремиерот за еврпски прашања Никола Димитров кој бара одговорност за случајот.

„Тука се потребни итни чекори – да се создаде еден центар што ќе раководи со делегирање на надлежност при вакви ситуации. Наместо пет различни броеви граѓаните во мака ќе вртат еден, па таму ќе се одговорни да најдат кој е одговорен. А повиците да се снимаат. Оваа работа мора да се истурка до крај и јас лично ќе вршам притисок се’ додека не се заврши работата“, напиша Димитров.

Освен полицијата и армијата кои имаат 4 хеликоптери со обучен тим за спасување а останале приземјени во оваа истуација премирот Зоран Заев и владата минатата година избраа фирма па го раскинаа договорот за услуги за санитетски медикоптер со шведска компанија. По критиките од медиумите, опозицијата и јавноста дека услугата е прескапа ,а фирмата е со сомнителен кредибилетет  владата го расикна договорот. Одговорот денеска е дека земјата нема медикоптер на располагање заради кризата со пандемијата.

Кон крајот на 2018 година Владата одлучи да ги приватизира хеликоптерските услуги кои за итна помош и спасување. Најави физибилити студија и по препораките од истата соопшти дека ќе распише оглас за јавно приватно партнерство или партнерство меѓу државата и приватна компанија која што ќе има обврска да купи два нови хеликоптери и ќе  изгради нови осум хелиодроми. Физибилити студијата остана непозната за јавноста а тогашниот генерален секретар Драги Рашковски влезе во расправија со новинарот на Телма Миомир Серафиновиќ кој постави прашање дали владата ја пресметала исплатливоста на целиот проект кој по 6 месеци се раскина.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Макрон: Трамп ќе одговори на „цинизмот“ на Путин

Дејан Дејан

Шест милијарди евра- Мицкоски го образложи економските придобивки на стратешкото партнерство со Велика Британија

Дејан Дејан

Кривична против три лица за предизвикување пожар во викенд куќа во велешко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе