Вести Македонија Топ вести

Човекот почина, ЦУК соопшти дека почнала комисиската работа за да ги утврди пропустите со спасувањето на 63-годишниот Божиновски од кратовско

Со наслов, „ЦУК: од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување во Кратовско“ од Центарот за управување со кризи се обратија до медиумите во 13:24 часот (повеќе од 6 часа откако спасуваниот Божиновски почина во штипската болница).

Соопштението ЦУК го испрати неколку минути откако Телма ја објави оваа тажна вест за обичниот човек кој беше спасуван на раце во импровизирана носилка пред една недела, а јавноста тоа го дозна откако еден од спасувачите-лекар во кратовската Итна помош објави како се одвивала операцијата и дека немале соодветно возило, а никој не им испратил помош.

63-годишниот Златко Божиновски имал мозочен удар, лежел надвор, а неколку часа го греела и одржувала во живот 90-годишната мајка. Поради тешката здравствена состојба и тешко мозочно крварење, кратовчанецот почина утрово околу 7:00 часот во болницата во Штип.

Еве го соопштението на ЦУК испратено во 13:24 часот.

-Денеска, (06.04.2021), како и што најави на вчерашната прес-конфернција, Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, почна со работа, вчерашно формираната, Комисија за утврдување на правилност во примената на СОП за работа на Регионалните центри за управување со кризи Кратово (5/8) и Куманово (7/24). Тоа е дел од преземените активности на ЦУК, заради целосно расветлување на случајот на координаијата а давањето помош на медицинскиот тим во Кратовско којшто го спаси премрзнатиот сточар од с. Емирица.

Комисијата, како што нагласи Ангелов, детално ќе го испита овој случај и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај нас во ЦУК или во другите институции од Системот за управување со кризии, за истите да бидат надминати во иднина.

Центарот за управување со кризи, ЦУК, помина од зборови на дело – почна работата на Комисијата за случајот спасување премрзнато лице во Кратовско што предизвика големо внимание во јавноста и што отвори повеќе прашања во општеството. ЦУК, во рамки на своите надлежности работи за да се зголемат сестрано можностите, процедурите и капацитетите во системот за управување со кризи коишто се важни за спасување на животи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе