Вести Свет Топ вести

Борисов победи на изборите, но предлага експертска влада до декември

и нудам мир. Бугарскиот премиер Бојко Борисов излезен пред кабинетот на априлскиот снег им ја понуди својата рака на противниците, откако неговата партија ГЕРБ победи на парламентарните избори, но не доволно моќно како порано за да формира влада. Ланските антивладини протести го дадоа резултатот на овие избори. Поддршката за ГЕРБ опадна за речиси девет проценти. Борисов е победник на овие избори со нешто над 25% од гласовите, за разлика од изборите во 2017-та кога победи со 33,5 отсто поддршка од граѓаните. По објавувањето на прелиминарните резултати, четирите клучни партии најавија дека не сакаат коалиција со ГЕРБ. Борисов им го најави својот предлог на опозициските партии – експерти да ја водат владата до декември кога би имало нови избори.

Ви нудам мир, ви нудам да назначиме експерти, да преземеме одговорност и до декември максимално да се потрудиме за Бугарија да излеземе од пандемијата, да одиме напред кога веќе се е јасно. Ова е мојот предлог до сите, порадувајте се еден, два –три дена и размислете кои сте, им порача Борисов. 

Борисов им порача дека немаат експертиза, и дека тој едноставно е најдобриот, но се радува што и други партии ќе влезат во парламентот, зашто не сака веќе сам да го носи товарот на одлуките.

Имате ли поискусен лидер од мене? Некој кој има поголема меѓународна поддршка? Некој кој може да се справи со три кризи, прашува Борисов. 

Нов играч на политичката сцена е партијата „Има таков народ“, на медиумскиот могул и пејач Слави Трифонов, кој во народното собрание влегува со 41 пратеник, кои според аналитичарите се анонимуси и непознати ликови, чие однесување не може да се предвиди. Но, доколку влезе во новата влада со Борисов, неговата реторика за Македонија нема многу да се разликува од онаа на Каракачанов, кој овој пат останува под прагот од 4 отсто потребен за влез во парламентот. Тој пак обвини за манипулација со изборниот процес. И опозициската Социјалистичка партија ќе овозможи да се преполоват пратеничките мандати на владејачката ГЕРБ.

Нејасната понуда на Борисов за експертска влада, како и резултатите од глсањето, јасно покажуваат дека почнува крајот на челичното 11 годишно владеење на ГЕРБ, сметаат бугарските аналитичари.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе