Вести Македонија Најважни

Нови мерки до 20-ти април: Полициски час од 20ч, се затвораат и кафеаните

Забрана и посебен режим на движење во временски период од 20 часот до 5 часот од утре до 20 април. Оние кои се вакцинирале смеат да се враќаат до своите живеалиште за време на полицискиот час, но со покажана потврда за извршена имунизација, угостителските објекти и кладилниците  се затвораат. Оние кои имаат миленици и живеат во згради смеат да ги изнесуваат надвор од 22 до 23 часот, останува и забраната за групирање на повеќе од 4 граѓани. Од утре се затвораат сите фитнес сали и сали за вежбање и кладилници, и се забрануваат семинари, конференции.

Премиерот Заев истакна дека ситуацијата со корона вирусот во земјава е влошена, посебно што сега владее британскиот сој чиј интензитет не се споредува со претходните бранови. Најголем ризик се младите кои не ги почитуваат мерките, рече Заев и апелираше да се седи дома овој период и никако да се групираат, се со цел празникот Велигден да го поминеме со сите членови на семејството.

Министерот Филипче рече дека хоспитализацијата на пациентите овојпат е многу влошена, со лоша клиничка слика која набрзина се менува од подобро на полошо, и завршува фатално.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе