Вести Македонија Топ вести

Во „Борис Трајковски“ вакцинирани првите полициски службеници

Почна вакцинацијата во спортскиот центар “Борис Трајковски“. Стотици здравствени работници и припадници на МВР денеска ќе ја примат првата доза на вакцината „Спутник В“ на еден од 48 те пункта во салата.  Ова ќе биде местото каде што во наредните денови ќе се вакцинираат врабнотерните во критичната државна инфраструктура полицајците, припадниците на арминауат, вработените во јавниот превоз, просветните и медиумските работници.

Процесот течеше без никаков застој а за тоа се погрижија волонтерите од „Црвен крст“, администрацијата и медицинските тимови во салата. Во кабините од левата и десната страна на салата се вршеше вакцинацијата а како што беше планирано, сите граѓани кои се вакцинираа минуваа десетина минути на овие столчиња заради опсервација.

До пладне првата доза ја примија 500 граѓани а планирано е денеска да се исплни квотата од три илјади лица колку што има закажани термини.

По примената вакцина, според протоколот, граѓаните ја добиваа потврдата  за вакцинација со датум за ревакцинација. Волонтерите студенти од медицинскиот факултет беа тука за да ги информираат што да правата доколку имаат доколку се јават несакани контраиндикации  од вакцината.

Здравствените работници и полицајците не го криеа задоволството од степенот на организација и професионалност на тимовите во салата.

И тимовите во салата задоволни од начинот на кој се одвиваше вакцинацијата

Околу пладне екипа на итната помош мораше да интервенира бидејќи службеник од МВР кој требае да се вакцинира колабираше. Тој веднаш беше прегледан и препратен во Градската Болница а според др Исјановски, станува збор за паника и исцрпеност.

Вакцинацијата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ продолжува. За утре се предвидени припадниците на АРМ и МВР а тука со вакцината „Спутник В“ ќе се вакцинираат вкупно 20 илајди државни службеници кои се опфатени во оваа фаза од вакцинацијата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе