Вести Македонија Топ вести

Битолчанец пронајде глушец во замрзнат зеленчук

Агнецијата за храна и ветеринарство го повлекува од КАМ маркетите српскиот производ „Сани фантази-царски микс“, откако битолчанец во овој замрзнат зеленчук пронајде глушец, за што на социјалните мрежи објави и фотографии.  Прозиводот се повлекува од рафтовите на КАМ низ цела држава, а АХВ издаде наредба КАМ да изврши проверка на секоја серија производoт во сите маркети каде е пласиран. Агенцијата апелира, доколку потрошувачите купиле од овој зеленчук, пред консумација внимателно да го отворат и прегледаат, и ако производот не е во ред, да го вратат на местото на купување и за тоа да ја известат АХВ.

 АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување, вели  директорот на АХВ, Николче Бабовски. 

Бабовски во телефонски разговор за Телма потврди дека за случајот не била поднесена претставка до Агенцијата, но постапиле по објавата на социлајните мрежи и апелира ваквите случаи да се пријавуваат кај наделжните, односно  секоја недоследност во поглед на безбедноста на храна да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство лично, писмено, на телефон или електронски.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе