Ако во дел од државата наближува врвот на овој пролетен бран на КОВИД-19, во Битола епидемијата допрва се разгорува, прогнозира универзитетскиот професор од битолскиот Технички факултет, Дејан Трајковски, во неговите најнови математичко статистички анализи.
Тој вели дека секоја општина има своја динамика на бранот, така што во некои градови како Неготино, Кавадарци, Охрид, Прилеп и Скопје, врвот поминал или е во тек, па се очекува тој пик да биде околу 14 април.
Во други пак, како Куманово и Штип, Струга и Кичево, исто како и Битола има големо разгорување на епидемијата и врвот на овој епидемиски бран се очекува во втората половина од месецот.
Бројот на активни случаи во Битола се зголемува како никогаш досега а забрзан експоненцијален раст има и во дневните бројки на новозаболени.
Во моментот болеста е во тек кај 897 лица, а Трајковски вели доколку нема нови рестриктивни мерки, бројот на активни слуачи може да достигне до 1700, а бројот на хоспитализирани 150.
-За разлика од државниот просек, а во одредени градови забележуваме и достигнат пик на заразувањето, во Битола е се уште во полно разгорување. Моментално репродукциониот број е над 1,5 и пикот во Битола нема да дојде пред 15, а можеби тоа ќе биде и 20 април, вели проф.др. Дејан Трајковски.
На Инфективното и одделeнието за физикална медицина во битолската болница се лекуваат стотина пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Слободни места има, а веќе е подготвена и модуларната болница, со што битолскиот КОВИД центар е најголем во државата.
И Трајковски прогонозозира дека болничкиот капацитет во Битола може да да одговори на потребите во овој ковид бран.
-Во Битола капацитетите на болницата сигурно ќе задовиолуваат, особено со Модуларната болница, така што не очекувам колапс на здравсвениот систем, вели Трајковски.
Професорот Трајковски вели дека иако е рано за заклучоци, единствениот утешителен показател, барем засега, е двојно помалиот просечен дневен морталитет во Битола во пролетниот, споредено со есенскиот бран.
Но, предупредува битолчани барем во следните двесетина дена да се воздражат од влегување во затворен простор, посебно во угостителските објекти затоа што таму не се носат заштитни маски.
Емилија Мисирлиевски