Ковид19 Македонија Топ вести

Врвот на ковид бранот во Битола се очекува кон средината на Април

Ако во дел од државата наближува врвот на овој пролетен бран на КОВИД-19,  во Битола епидемијата допрва се разгорува, прогнозира  универзитетскиот професор од битолскиот Технички факултет, Дејан Трајковски,  во неговите најнови математичко статистички анализи.

Тој вели дека секоја општина има своја динамика на бранот, така што во некои градови како Неготино, Кавадарци, Охрид, Прилеп и Скопје, врвот поминал или е во тек, па се очекува тој пик да биде околу 14 април.

Во други пак, како  Куманово и Штип, Струга и Кичево, исто како и Битола има големо разгорување на  епидемијата и врвот на овој епидемиски бран се очекува во втората половина од месецот.

Бројот на активни случаи во Битола  се зголемува како никогаш досега а забрзан експоненцијален раст има и во дневните бројки на новозаболени.

Во моментот болеста е во тек кај 897 лица, а Трајковски вели доколку нема нови рестриктивни мерки, бројот на активни слуачи може да достигне до 1700, а бројот на хоспитализирани 150.

-За разлика од државниот просек, а во одредени градови забележуваме и достигнат пик на заразувањето, во Битола е се уште во полно разгорување. Моментално репродукциониот број е над 1,5 и пикот во Битола нема да дојде пред 15, а можеби тоа ќе биде и 20 април, вели проф.др. Дејан Трајковски.

На  Инфективното и одделeнието за физикална медицина во битолската болница се лекуваат стотина  пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Слободни места има, а веќе е подготвена и модуларната болница, со што битолскиот КОВИД центар е најголем во државата.

И Трајковски прогонозозира дека   болничкиот капацитет во Битола може да  да одговори на потребите во овој ковид бран.

-Во Битола капацитетите на болницата сигурно ќе задовиолуваат, особено со Модуларната болница, така што не очекувам колапс на здравсвениот систем, вели Трајковски.

Професорот Трајковски вели дека иако е рано за заклучоци,  единствениот утешителен показател, барем засега, е двојно помалиот просечен дневен морталитет во Битола во пролетниот, споредено со есенскиот бран.

Но, предупредува битолчани барем во следните двесетина дена да се воздражат од влегување  во затворен простор, посебно во  угостителските објекти затоа што таму не се носат заштитни маски.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе