Ковид19 Свет Топ вести

Германија ќе им даде втора доза од друга вакцина на помладите кои примиле АстраЗенека

Германската комисија за вакцини, позната по кратенката СТИКО, од вчера препорачува лицата помлади од 60 години, кои примиле прва доза вакцина против Ковид-19 од АстраЗенека, за втората доза да добијат вакцина од друг производител. Претходно, истата комисија препорача вакцината на АстраЗенека да се користи само кај лица над 60 години, поради појава на тромбоза кај помлади лица кои ја примиле првата доза на вакцината. Сепак во дополнување на истите препораки СТИКО посочува дека нема научни докази дали е безбедно двете дози да бидат од различни производители.

Се додека соодветните податоци не станат достапни, СТИКО препорачува за луѓето под 60 годишна возраст, наместо втора доза од АстраЗенека, да им биде дадена доза од вакцина со информациона РНК, 12 недели по првата доза, пишува на веб страната на германскиот Институт Роберт Кох.

Недовербата на германската комисија за вакцини во АстраЗенека е добро позната. На почетокот од вакцинацијата во Европа, во јануари, СТИКО препорача таа да не се користи за лица над 60 години, затоа што немало доволно податоци за нејзината ефикасност кај таа старосна група. Но по одобрувањата од Европската агенција за лекови и СЗО во средината на февруари, таа препорака беше повлечена. Покрај тоа компанијата беше подложена на дополнителен притисок од јавноста и критики од Брисел и националните влади, затоа што не можеше да ги произведе и достави нарачаните дози.

Од самото одобрување за употреба на вакцината која заеднички ја развија британскиот универзитет Оксфорд и АстраЗенека, СЗО и ЕМА постојано инсистираат дека таа е безбедна и ефикасна за сите возрасни групи.

Според достапните научни податоци, не постојат докази кои го подржуваат ограничувањето на употребата на оваа вакцина кај било која популација. Нашата комисија продолжува да ги разгледува сите достапни податоци и цели да постигне научен заклучок до следната недела, изјави пред неколку денови извршнта директорка на ЕМА, Емер Кук.

По објавувањето на препораката на СТИКО, компанијата АстраЗенека соопшти дека безбедноста и ефикасноста на нејзината вакцина ја потврдуваат британската агенција за лекови и здравствени продукти и Европската агенција за лекови. АстраЗенека ќе продолжи тесно да соработува со здравствените власти за да се обезбеди правилната употреба на вакцината, како и за да се разбере природата и релевантноста на овие настани, напиша компанијата во соопштението и. Според нејзините податоци кои опфаќаат десетици милиони вакцинирани ширум светот, АстраЗенека тврди дека вакви случаи на тромбоза не се регистрирани почесто отколку што би се очекувало.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе