Македонија Топ вести

Анкета на МЦМС и М-Проспект: Граѓаните се песимисти за излезот од кризата предизвикана од Ковид-19

Актуелната состојбата предизвикана од Ковид-19 беше причина МЦМС повторно да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за потеклото на вирусот, искуствата со болеста и враќањето на секојдневните активности.

Истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка и М-Проспект покажа голема загриженост на граѓаните (74,6%) од моменталната состојба предиз-викана од Ковид-19. Демографски гледано, етничките Македонци (79,9%) и припадниците на другите заедници (74,2%) се позагрижени од етничките Албанци (59,8%). Во поглед на регионите, жителите на Пелагонија се најзагрижени (85,5%) за кризната состојба. Мнозинството граѓани се песимисти за последиците од кризата од Ковид-19, односно 63,5% сметаат дека најлошото допрва доаѓа. Жените се попесимистични од мажите. Етничките Македонци (71,2%) се попесимистични од етничките Албанци (43,0%). Најголем број од испитаниците (43,6%) сметаат дека кризата од пандемијата воопшто не е под контрола. Вкупно 5,0% од испитаниците сметаат дека е под контрола се 5,0%. Мнозинство од етнич-ките Македонци (51,0%) смета дека кризата воопшто не е под контрола за разлика од двојно помалиот број етнички Албанци или 25,3% и околу една третина од припадниците на другите заедници (34,8%).

Во поглед на потеклото на вирусот, мнозинството испитаници (72,0%) сметаат дека е намерно или случајно излезен од лабораторија. Во однос на истражувањето од мај 2020 година, се намалил бројот на оние кои сметаа дека вирусот не постои (од 10,3% на 3,3%).

Големо мнозинство (70,7%) од испитаниците лично познаваат некој кој бил во болница или починал од Ковид-19. Околу осум од десет етнички Македонци (80,8%) познаваат лично некој кој бил во болница или починал од Ковид-19. Кај другите етнички заедници тој процент е 71,2%, а најнизок е кај етничките Албанци од кои 42,6% одговориле на прашањето со „да“. Вкупно 20,1% од испитаниците биле заразени со корона вирусот во изминатава година, односно, секој петти, што е повисока бројка од официјалната статистика на заразени граѓани. Големо мнозинство од 75,1% се загрижени дека тие лично ќе се заразат со корона вирусот. Загриженоста пораснала од претходното истражување во мај 2020 година кога изнесувала 60%. Етничките Македонци се позагрижени (82,5%), од припадниците на другите заедниците (75,9%), а особено од етничките Албанци (54,4%). Мнозинство од граѓаните (66,2%) се загрижени дека може да го шират коронавирусот без да знаат. За разлика околу една третина кои не се загрижени за оваа можност.

Околу една третина од граѓаните (34,0%) планираат да им се вратат на пред-пандемиските активности по вакцинирањето, откако официјалните лица ќе кажат дека тоа е безбедно. Најголем број граѓани се чувствуваат комфорно при одење во продавница (60,2%). Во сите други активности, мнозинство или големо мнозинство не се чувствуваат комфорни. Особено за посетите на спортски и културни настани во затворено и посетите на забави со многу луѓе каде негативниот одговор го избрале 81,6%, односно 80,6% од испитаниците.

Останатите два дела од истражувањето ќе бидат објавени во текот на наредната неделата. За МЦМС, анкетата ја спроведе М-Проспект. Податоците беа прибирани со телефонска анкета во периодот од 12 до 17 март 2021 година. Анкетата е спроведена на национален репрезентативен примерок од 1003 испитаници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе