Македонија Топ вести

За една недела можен договор за законот зa државјанство  

Двочасовната средба на премиерот Заев, министрите Спасовски и Маричиќ со претставници на Алијанса на Албанците и Алтернатива заврши со надеж дека за една недела ќе се изнајде решение за Законот за државјанство со што ќе заврши и блокадата на законите што ја правеа овие две партии.

Села и Гаши не присуствуваа на средбата. Доколку не се постигне компромис тогаш е можно нивни вклучување во преговарачкиот процес.

ДУИ упати повик до опозицијата да не манипулира со лицата кои се без државјанство.

Опозициските партии од албанскиот политички блок предлагаат државјанство да може да се стекне со изјави од тројца сведоци што за власта беше неприфатливо. Договорено е да не се изготвува ново законско решение туку да се интервенира во рамките на постоечкото.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алиу најави проширување на позитивната листа

Дејан Дејан

За 2,3 проценти зголемен бројот на студенти запишани во 2024/2025 во однос на претходната академска година

Дејан Дејан

Абдулахи: Секоја пречка што ја ставаат политички партии, се мотив и енергија за независните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе