Вести Македонија Топ вести

Захариева се огради од скандалозното видео на европратеникот Џамбаски

„Македонија е бугарска а крајот ќе биде брз и ужасен“ не е став на официјална Софија.  Шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева денеска се огради од скандалозното видео на европратеникот Ангел Џамбаски член на партијата  ВМРО – БНД  на Красимир Каракачанов.  Бугарија нема територијални претензии а предизборното видео е неумесно, стои во соопштениот на бугарското МНР.

„Во врска со предизборно видео на европратеникот Ангел Џамбаски, Министерството за надворешни работи сака да наведе дека смета дека предметниот материјал е „неумесен“. Нагласуваме дека пораките изразени во видеото не го изразуваат официјалниот став на бугарската влада.Бугарија нема територијални претензии кон другите земји и тоа постојано се декларираше“

Ова доаѓа по протестната нота која вчера вечер ја упати македонското МНР во која стоеше дека реториката во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на ЕУ и е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Унијата. МНР најави дека ќе реагира и до самата ЕУ.

Сепак Захариева покрај дистанцирањето се огласи и со обвинувања за медиумски мрак. Повторно станува збор за анализата на словенчкиот Институт за балкански и блискоисточни студии ИФИМЕС и повторно со барање Владата да се огради од него. Во анализата е наведено дека “бугарските власти пласираат неверодостојни податоци дека Македонците имаат бугарско потекло и Северна Македонија мора да даде официјална изјава дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени“. По објавата на ИФИМЕС, македонскиот в.д. амбасадор во Софија беше повикан во бугарското МНР.

Владата веќе еднаш се огласи на прозивките на Захариева во врска со овој случај и соопшти дека не соработува со овој институт уште од 2019 година и нема причина за никакво оградување а а постапката на повикување на македонскиот амбасадор ја оцени како несоодветна.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе