Кочанското основно обвинителство почна да го истражува случајот со изградбата на мини хидроцентралата на Мала Река над браната Гратче. Локалната власт денеска ја добила информацијата од обвинителството и веднаш почнала да ја собира целокупната документација за мини хидроцентралата.
Општината ја запира и постапката за издавање на градежната дозвола на инвеститорот, се додека не биде соопштена одлуката од обвинителството и ресорните минбистерства. Невладините организирани во Одбор за здрав живот на Кочани иницираат референдум. Сметаат дека изградбата ќе значи уништување на животната средина, но и на браната Гратче.
Според Илијев идејата на невладиниот сектор за референдум е легитимна. Инвеститорот уште лани во октомври почна со подготвителни активности, тогаш со сечењето на дрвјата граѓаните, но и актуелната локална власт дознаа дека пред речиси пет години почнала оваа постапка.
Викторија Димитрова Јованова