Ковид19 Македонија Топ вести

Првата пратка вакцини од Ковакс пристигнуваат во недела

Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот, информираше министерот за здравство Венко Филипче, преку социјалните мрежи. Идната недела во Скопје пристигнува и кинеска делегација од 19 лица, во придружба на кинескиот министер за одбрана. Но, со него нема да донесе и вакцини. Очекувањата се дека  барем ќе донесе надеж и најава кога би можеле да пристигнат и вакцини од Кина, за конечно да почне масовна имунизација на населението.  Претходно 24.300 дози вакцини од Фајзер преку програмата Ковакс денеска пристигнаа во Сараево а Албанија веќе прими 38.400 вакцини.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Девијантно однесување или енормно зголемување на цените, ќе значи ригорозни мерки – министерот Дурмиши со порака до трговците

Дејан Дејан

Пратеничка пријавила во полиција дека ѝ се заканувале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе