Македонија Топ вести

Европскиот парламент со 558 гласа ја усвои Резолуцијата за Македонија

Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за Македонија со 558 гласа „за“, 70 „против“ и 59 „воздржани“. Резолуцијата подготвена од известувачот за Македонија во ЕП, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук бара земјава да продолжи со реформите особено во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на медиумите, инклузивноста на општеството, а се поздравува и реформата на јавната администрација која треба да доведе до назначување и напредување врз основа на мерит систем.

Со резолуцијата се повикуваат и власта и опозицијата да работат на исполнување на заедничката европска агенда, а ја повикува опозицијата да игра конструктивна улога во Собранието и носењето на реформските закони потребни за европското пристапување на земјава.

Во контекст на регионјалните односи и билатерланите прашања ЕП со Резолуцијата бара продолжување на конструктивна имплементација на Преспанскиот договор со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија од сите инволвирани страни.

Европскиот парламент во документот жали што Македонија и Бугарија се уште не нашле разбирање за билатерните прашања и бара продолжување на дијалогот за да се постигне взаемно прифатливо решение и да се откочи пристапувањето на земјава во ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Девијантно однесување или енормно зголемување на цените, ќе значи ригорозни мерки – министерот Дурмиши со порака до трговците

Дејан Дејан

Пратеничка пријавила во полиција дека ѝ се заканувале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе