Вести Македонија Топ вести

Заев и Џафери утре ќе бараат начин да го деблокираат Собранието

Од лидерска средба до повторно прогласување на вонредна состојба. Ова се опциите кои премиерот Заев, утре ќе ги стави на маса пред собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети, со цел да најдат начин да се одблокира работата на Парламентот. Убеден е дека законодавниот дом наскоро ќе профункционира, бидејќи на работасе враќаат и пратениците кои се во изолација. Заев е категоричен дека мора да се најде решение за да не се кочи носењето на како што рече законите што живот значат.

Во четврток се пратенички прашања во Собранието. Јас ќе одржам состанок со Претседателот на Собранието, веројатно и со претседателот на ДУИ да разгледаме одредени можности кои што ни стојат на располагање за да го одблокираме Собранието, така што сите опции се отворени од лидерска средба до координатори на пратенички групи за изнаоѓање решение, до вонредна состојба. Се само да ги ослободиме институциите да носат секако одлуки.- изјави  Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Џафери да закаже седница за утре, ветува кворум, но повторно бара да се гласа само за четири закони.

Барам од Собранието пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони. Поточно: Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход.  “ – објави Мицкоски на ФБ.,

Претседателот на Собранието пред два дена ја откажа собраниската седница предвидена за вчера, бидејќи  Собранието поради двајца пратеници во изолација поради ковид, нема кворум ниту за нова седница, ниту за гласање на веќе разгледаните закони. Џафери рече дека опозицијата ја злоупотребува здравствената состојба за да му поставува ултиматуми кои тој  нема да ги прифати. За него деловнички е неприфатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи овие 4 закони се дел од дневниот ред на веќе закажаната седница на која има 30 -тина закони. Меѓу нив се и тие од петтиот пакет антикризни меркиза за кои стопанството и експертите се децидни дека мора итно да се донесат за да не страда економијата и граѓаните.

Блокадата на Собранието пак дополнително е зацементирана и со барањето на Алијанса-Алтернатива за нов закон за државјанство, пради кој доставуваат илјадници амандмани на сите предложени закони.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе