Македонија Топ вести

Опозицијата бара превремени парламентарни избори за излез од собраниската криза  

Ниту една партија не попушта и секоја ја тера својата агенда. Обвинувањата за блокадите продолжија и денеска. Нема интерес да се седне на заедничка маса и да се постигне консензус за битните закони. Пратеничкитг рупи на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса на Албанците-Алтернатива сметата дека единствен излез од кризата се предвремени парламентарни избори кои би се одржале  заедно со локалните.

СДСМ не прифаќа предвремени избори. Во наредниот период ќе се обидат да се соберат 62 пратеници за да може да се свика пленарна седница. Ќе ги искористат деловничките можности, реформите да продолжат.

Собранискиот спикер Талат Џафери вчера соопшти дека се додека владејачкото мнозинство не обезбеди кворум нема да свика седница. На усвојување чекаат дури 150 дебатирани закони.

Јулијана Лефковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер ?

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: Без здравствена заштита се 20.000 деца во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе