Македонија

Почина Тале Герамитчиоски, поранешен заменик министер за образование

Вчера почина Проф. Д-р Тале Герамитчиоски.  Роден 1962 година во Прилеп.  Универзитетски професор. Доктор на науки. Дипломиран машински инженер. Основно образование и гимназија завршил во Прилеп.
Октомври 1982 –февруар 1987 студира на Машинскиот Факултет во Скопје.  Февруари 1987 год. ги завршува студиите со одбрана на дипломската работа “Конструктивни особености, програмирање и искористување на НЦ-глодалките инсталирани во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп” со одличен успех.
 Февруар 1987-октомври 1987 во Енергоинвест-11 Октомври-Прилеп ангажиран  како инжињер -програмер на НЦ-машините во наменскиот погон на фабриката.  Од 1.11.1987год. Техничкиот Факултет во Битола, е избран во звањето помлад асистент по предметите Машински елементи 1 и 2, и  Основи на конструирањето (Билтен бр.7 од 1987год.).
 1987 – 1989 год. на постдипломските студии на Машинскиот факултет во Скопје, институт за Машински конструкции и ММВ-градба на возилата, на 2.11.1989 год. го одбранил магистарскиот труд под наслов “Прилог кон дефинирање на деформационо-напонската состојба на вратилата кај погонските механизми на дигалките”.
Од 1.11.1990 год е избран во звањето асистент по предметите Машински Елементи 1и2, и Основи на конструирањето на Техничкиот Факултет во Битола.
 18.06.1993год. на Машинскиот Факултет во Скопје., ја одбранил докторската дисертација со наслов “Определување на промената на полето на напоните и интеракција на повеќе концентратори на напони кај степенести вратила оптоварени од торзија”.
Од 1.10.1993 год. е избран во звањето доцент по предметите Машински елементи, Основи на конструирањето и Основи на машинство на Техничкиот Факултет во Битола.  Во 1995 год. е избран за наставник по предметот Транспортни уреди  додека за вонреден професор е избран во 1998.  За редовен професор за прв пат е избран во 2002 година, а за редовен профессор по втор пат е избран во 2007 година.
Член е на Друштвото за наука и уметност-Прилеп од 1990 год,  на Друштвото за наука и уметност – Битола од 1994год,  член е на GAMM-Gesellscaft fur angewandte mathematik und mechanik (Меѓународно здружение за математика и механика) со седиште во Германија од 1995год.,  на Друштвото за Механика на Македонија-Скопје од 1995 год.

Во септември 2002 год е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија, од ноември 2002 до август 2006 е Заменик Министер за образование и наука во Владата на Република Македонија,  Член на Управниот Комитет за образование во Советот на Европа во Стразбур 2002-2006, Член на Државниот Комитет за НАТО интеграција на Р.Македонија 2003-2006.  Во јули 2006-2008 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе