Ковид19 Свет Топ вести

Германија во велигденски карантин, за Франција вакцинацијата е национален приоритет

Голем број граѓани на европските земји велигреднските празници ќе ги поминат во карантин. Германија ги продолжува строгите мерки за затворање на јавниот живот за уште еден месец. Канцеларката Меркел ги повика 16-те државни гувернери да ги поддржат одлуките, бидејќи инфекцијата непрестано се шири, а британската варијанта на корона вирусот стана доминантна.

-Веќе разговарав за опасностите од мутациите и бидејќи сме во очигледен експоненцијален раст, морам да кажам дека за жал, ќе мора да ја искористиме оваа мерка за итни случаи. Бројот на нови инфекции надминува 100 на 100.000 жители и тоа е случај во многу општини и федерални држави. Затоа први април, Велики четврток и 3 април се прогласуваат за споено  време за празници со целосна забрана за контакт, како и забрана за собирање, како што е кажано од 1-ви до 5-ти април, тоа значи обемен период на одмор за време на Велигден, рече Ангела Меркел, канцелар на Германија.

Ограничувањата кои предходно беше предвидено да се споведуваат до 28. марта, сега ќе останата на сила до 18. април. Ситуацијата ќе биде подобра, смета Меркал кога ќе се вакцинираат повеќе луѓе. И францускиот претседател Емануел Макрон нагласи дека  вакцинацијата е национални приоритет и побара повеќе дози од АстраЗенека. Болниците во Франција се пред колапс и се очекува „експлозија“ од нови случаи.

-Срцето на битката во следните недели и месеци ќе биде вакцинацијата. Наутро, напладне и навечер. Јас ќе бидам мобилизиран, владата ќе биде мобилизирана, и целиот медицински персонал низ Франција, го знам тоа, ќе биде мобилизиран во оваа борба. Значи, првото нешто е дека имаме дози, ние се бориме за ова, да имаме дози на AстраЗенека особено што е малку под испорачаните обврски кон нас, рече Макрон.

Шпанија ја крена старосната граница на 65 години за вакцинирање со „АстраЗенека“.

Лидер на европско тло, но и во светски рамки, според примени вакцини е Обединетото Кралство, каде на 100 жители вакцинирани се 44,7%, веднаш зад неа се САД, а на дното на табелата е Кина со само 5,2% вакцинирани на 100 жители.

За СЗО „шокантно“ е тоа колку малку е направено за да се обезбеди фер дистрибуција на вакцините низ целиот свет и со тоа да се избегне „катастрофален морален неуспех“.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе