Избирачки список, паравани, гласачки ливчиња, гласање на болните еден ден претходно, отворени гласачки 237 гласачки места низ цела држава од 7 утрово…Изборите за претседател на СДСМ се со сите атрибути на избори на државно ниво. Единствената разлика е што на гласачкото ливче има само еден кандидат-досегашниот претседател, Зоран Заев. Членството има можност да гласа „за„ и „против„ негов реизбор. За партиската изборна комисија, ова воопшто не е спорно и е дел од новиот партиски статут.
На партиските избори се пријавија за гласање близу 69.000 членови на СДСМ. Право на глас имаат тие што неодамна го ажурираа своето членство во партијата.
Далиборка Демјанска