Со директна набавка без посредници е набавена руската вкацина „Спутник В“ во Македонија. Ова го тври Министерството за здравство кое откако босанскиот поратл Инфорадар и Ал Џезеира Балкан објавија дека извесен Никола Лакушиќ, кој има подебело полициско досие во Србија и е апсен за обид за убиство во 2016 година, е посредник за земјите од поранешна Југославија, вклучително и Македонија за набавка на руската вакцина. Од Министерството за здравство тврдат дека е лага оти имало посредник во набавката на вакцината.
Нема посредници во набаваката на руските вакцини „Спутник В“, објави денеска министерстовто за здравство демантирајќи ги информациите дека извесен Никола Лакушиќ кој преку фирмата „Медимпекс“ тврди дека има договор за застапување на Рускиот инвестициски фонд за набавка на вакцини за земјите од поранешна Југославија, што Лакушиќ самиот го потврдил за „Ал Џезеира Балканс“ велејќи и дека Македонија е на списокот на земји за кои посредува за набавка на руската вакцина. Министерството за здравство тврди дека тоа е лага:
„Министерството за здравство информира дека набавката на вакцината ’Спутник В’ од самиот почеток се одвива во директна комуникација со Рускиот инвестициски фонд во Москва и нема никаков посредник во комуникацијата“, стои во демантот од Министерството за здравство.
Приказната за Лакушиќ како посредник во набавка на руските вакцини ја отвори босанскиот портал Инфорадар објавувајќи факсимил на тимот за прегвори за набавка на вакцини на босанската влада на кој се гледа дека Лакушиќ е наведен како екслузивен претставник за набавка на руската вакцина „Спутник В“ и овластен агент на Рускиот инвестициски фонд за продажба на вакцините на територијата на поранешна Југославија. Медимот под наслов „Афера во најава“ објавува дека лице со име Никола Лакушиќ во 2016 бил уапсен во Србија за обид за убиство и оти зад себе има подебело полициско досие.
Ден потоа оваа објава Лакушиќ во писмен допис за „Ал Џезеира Балканс“ потврдува дека тој е посредник за набавка на вакцините преку фирмата „Медимпекс“ и тврди дека освен за Босна и Херцеговина тој посредува и за набавка на вакцината Спутник В и за Македонија, Бугарија и Алжир. Притоа објавен е и допис на Лакушиќ до Босанската влада во која тој во име на швајцарска компанија „Алајанс Свис трејд“, како фирма со прецизни релации со Рускиот директен инвестициски фонд и Гамалеи институтот кој ја произведува вакцината Спутник, нуди набавка на вакцината, со испорака во рок од 72 часа, по цена од 14,41 евро по вакцина, без вклучени давачки за данок, транспорт, логистика, царина.
Од македонското министерство за здравство пак во демантот тврдат и дека цената за која се набавуваат вакцините е диткирана од самите производители и дека нема провизии за ниту една набавка на вакцини против Ковид-19.
„За набавка на вакцини против Ковид 19, без разлика дали станува збор за ’Спутник В’, ’Синофарм’, ’Астра Зенека’ или ’Фајзер’, или Ковакс механизмот, нашата држава ја плаќа цената на вакцината понудена од производителот“, се наведува во дописот од Министертвото
Инаку во Македонија на 7 март пристигнаа првите 3.000 дози од руската вакцина „Спутник В“ од вкупно нарачаните 200.000, кои на скопскиот аредром на министерот Филипче му ги прераде рускиот амбасадор во земјава. Македонија со тоа стана 46 земја во светот која ја одобри употребата на руската вакцина.
Тамара Грнчароска