Македонија

Болните и изнемоштени лица од членството на СДСМ гласаат денеска за лидер на партијата

Иако бројките новозаразени растат, СДСМ не се откажува од партискиот конгрес за реизбор на Заев на чело на партијата.

Во пресрет на утрешниот конгрес на СДСМ, на кој треба да се избере лидер на партијата денеска во сите 80 општински организации гласаат болните и немоќни лица. Гласањето е почнато во 8 часот и ќе трае до 19 . Гласањето се врши на 237 избирачки места.

Централната изборна комисија соопшти дека право на глас ќе имаат 68. 999 членови. Ова се први внатрепартиски избори на СДСМ. И покрај пандемијата и зголемениот број заразени,  партијата уверува дека гласањето ќе биде безбедно почитувајќи ги сите протоколи за заштита.

Обезбедени се паравани за гласање и дезинфекциски средства, а членовите на СДСМ ќе гласаат со електронска картичка. Единствен канидат за претседател е Зоран Заев кој од своите сопартијци ќе побара нов трет мандат.

Заев ќе има право да го предложи заменик претседателот на СДСМ. Новите органи на партијата, Централниот и Надзорниот одбор ќе се бираат на Конгресот на 16 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

СДСМ објави листа на 19 кандидати за градоначалници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе