Растителен отпад, остатоци од градинарски репроматеријали создаваат депонии околу струмичките населени места. Нема село во кое не се создадени барем две-три вакви локации на ужасот.
Смрдеа, грда слика, но и трајни загадувања на почвата.
Тоа се последиците од несоодветното управување со земјоделскиот отпад. Професорите по стручни предмети во средното училиште Димитар Влахов велат дека едукацијата е клучна.
Особено поради фактот што голем дел од овој отпад може да се реупотреби доколку се компостира.
Средношколката Танкица Гонева е упорна да го совлада компостирањето. Процесот го учи во училиштето под менторство на професорите.
Имаат набавено компостери и учениците за време на праксата остатоците ги складираат во нив, за по неколку месеци да станат ѓубриво.
Професорите од ова училиште заедно со здружението Хорти Еко ќе едуцираат и земјоделци за компостирањето. Голем дел од фармерите не го применуваат, што е причина за создавање на стотина депонии во регионот. Процесот на трансформација на отпадот во корисно ѓубриво е дел од проектот што Хорти Еко го доби од Институот за комуникациски студии и Македонското еколошко друштво.
Сузана Мицева