Македонија Топ вести

Едношалтерска граница или едношалтерски политики со Косово

Едношалтерски систем на македонско-косовската граница или едношалтерски политики на македонската влада со косовската. Пописот во Македонија и признавањето на Косово се првите теми кои по се изгледа двете држави заеднички ќе ги спроведуваат и лобираат, барем според изјавите и потезите на првиот вицепремиер во македонската влада, Артан Груби, но и од мандатарот на идната косовска влада, Албин Курти.

Груби вчера на средби со косовски политичарии и в.д. претседателката на Косово, барал тие да ја мобилизираат албанската дијаспора да се регистрира на пописот во земјава. Ден пак пред посетата на Груби на Косово од таму стигна и самоиницијативно мешање на Курти во македонскиот попис, со четирминутно видео со таква намена.

„Бидејќи според македонскиот Устав политичките права на граѓаните во Северна Македонија ги диктираат бројките, регистрацијата на секој граѓанин е исклучително важна“, меѓу другото изјави Курти.

Ургенциите од Груби до Косово за пописот, може да се толкува и како злоупотреба на позицијата прв вицепремиер за отворање на простор друга држава да се вмеша во внатрешните процеси во земјава, но од македонската влада не гледаат така на тоа. Од таму на тоа и дали барањето на Груби до косовски политичари е и барање на македонската влада, за Телма одговорија:

„Секој повик за поддршка на пописот е плус придонес кон успешноста на оваа статистичка операција. Ги повикуваме сите политички чинители, најгласно што можат, да испратат порака за поддршка на пописот“, одговорија од Владата.

Од Владата не прецизираат дали под сите политички чинители ги подразбираат политичарите и владата на Косово, но и од други држави.

Но освен за пописот Груби ги измеша лончињата и околу признавањето на Косово. Тој во име на Бујар Османи, како што објави „ТВ 21“ порача дека тој како шефот на македонската дипломатија од Шпанија ќе побара признавање на Косово.

„Апсолутно да, прашањето на Косово е на приоритетната листа на господинот Османи и е приоритет на нашата партија како дел од владата на РС Макеоднија“, рече Груби.

Од МНР не одговорија со „да“ или со „не“ дали Османи вчера го побарал тоа од Шпанија, туку го препратија соопштението од средбите на Османи од посетата, во кое го нема Косово, со објаснување дека сите теми за кои разговарал Османи се во соопштението. До овие вести не стигна одговор од Владата дали овој приоритет на ДУИ е и нејзин приоритет.

Тамара Грнчароска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе