Голем дел европските земји се враќаат на вакцинирање со АстраЗенека. Македонските граѓани, според анкетата на Брима имаат ниска доверба во оваа вакцина. Балканот се гуши во третиот бран на коронавирусот. Сараево воведува полициски час, во болниците во Атина се бара кревет повеќе.
Јавноста поделена околу вакцинирањето, ова е генаралниот заклучот на истражувањето кое во периодот 24ти февруари – 9ти март годинава на теренска анкета го спроведе Брима. 37 проценти од граѓаните во Македонија сакаат да се вакцинираат, а скоро една четвртина се двоумат. Вакцина во која имаат најмногу доверба е Фајзербионтек, а најмалку во Модерна, само 3 проценти, 5% се за AстраЗенека. Дури 52 % од луѓето над 55 би сакале се вакцинираат против ковид – 19..
Откако европскиот регулатор за лекови објави дека здравствените придобивки ги надминуваат ризиците, Германија, Франција, Италија, Словенија денеска повторно ја започнаа имунизацијата со вакцината на АсраЗенека, но со ново предупредување од можни нусопојави.
Работата е во балансирање на користа и ризикот. Утврдениот ризик од многу ретка целебрална венска тромбоза и понатаму се смета за низок во однос на последиците од невакцинирањето, Јенс Шпан, германски министер за здравство.
На пациентите им е кажано дека треба да внимаваат на предупредувањата, а тие велат дека нема простор за грижи, бидејќи коагулацијата на крвта се појавила кај мал број случаи.
Воопшто не се грижам и драго ми е што сега се вакцинирав. Не со овој мал број на случаи, воопшпто не сум загрижена, Мајк Лиден, жителка на Келн.
Сепак данските здравствени власти остануваат на одлуката за сузпенција на имунизацијата со АстраЗенека и ќе почекаат зелено светло од данската агенција за лекови.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека дека единствено ако се успее да се вакцинира поголемиот дел од населението во унијата до лето можно е враќање во нормала.
Но, Балканот се гуши во третиот бран на коронавирусот. Полни се болниците во Атина, а мал е одѕив на приватните лекари, кои се пријавиле да помогнат.
Во Кантонот Сараево од вечерва стапуваат во сила заострени рестриктивни мерки, па полицискиот час наместо од 23 ќе почнува во 21 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден.
Хрватска во изминатите дна дена брои над 1.000 инфицирани со ковид-19, од жупаниите се бара поголема одговорност во донесувањето на конкретни мерки, но и во казнувањете на прекршителите.
Билјана Ставрова