Економија Топ вести

Алијанска за Албанците и Алтернатива го блокираа донесувањето на Предлог законот за финансиска поддршка на граѓаните

Законот за финансиска поддршка на граѓаните кој треба да обезбеди за различни категории по 6000 денари , со петтиот пакет антикризни мерки е блокиран. Тој е еден од 20 блокирани закони во Собранието со 32 илјади амандмани од опозициските партии од албанскиот блок. Причината за блокадата е неусвоениот предлог Закон за државјанство, кој го предложија опозиционерите Албанци во Собранието, кој не помина кај надлежните поради докажувањето на државнаството со тројца сведоци.

Иако на почетокот на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, од владеачката СДСМ апелираа да се изгласа Предлог дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, кој е дел од петтиот пакет антикризни мерки, со кој повеќе категории кои ги исполнуваат условите ќе добијат по 6000 денари, а и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе го гласаат и покрај забелешките, второто читање помина без успех. Од Алијанса за Албанците кои поднесоа 32 илјади амандмани на 20 закони во Собранието, рекоа дека ќе го блокираат и носењето на Законот за финансиска поддршка на граѓаните, зашто и тие биле блокирани за нивниот предлог на Законот за државјанство и дека во блокадата биле вклучени и од власта и од опозицијата.

Од СДСМ ги прашаа зошто сега го блокираат законот кога стигна во второ читање, а го гласале при првото.

Подршка за усвојување на законот стигна и од коалициониот партнер ДУИ, од каде рекоа дека не треба да се блокира законот, со кој се обезбедува помош на граѓаните погодени од пандемијата. Но, од Алијанса за Албанците останаа на ставот дека и нивниот предлог закон за државјанство е наменет за граѓаните и дека тие не се помалку граѓани од оние кои ја очекуваат финансиската помош.

Претседателот на комисијата Тимчо Муцунски кажа дека нема деловнички услови за работа, заради потребата од преведување на поднесените илјадници амандмани од албанската опозиција и ја прекина 17 седница.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе