Македонија Топ вести

Јавното обвинителство ќе го расветлува случајот со масовната тепачка во казиното Принцес

Јавното обвинителство ќе го расветлува случајот со масовната тепачка во центарот на Струмица. Засега се прибираат докази за настанот, а кога ќе се комплетира случајот ќе се информира јавноста, велат од основното јавно обвинителство Струмица.

Расправијата според очевидци почнала уште во казиното Принцес, каде вработена девојка била вербално нападната и и се заканувале со ножеви и секири. Според нејзината објава на фејсбук, станувало збор за неколкумина жители на село Баница кои биле во казиното. Од казиното Принцес денеска не сакаа да го коментираат случајот, а девојката не била на работното место.

Од струмичката општа болница велат дека кај нив е донесен еден пациент од посочениот настан, којшто бил пратен на ренген каде што му е констатирана скршеница на носот. По укажаната лекарска помош, заминал на домашно лекување.

Во дел од медиумите вчера се прошири информација дека во тепачката учествувал поранешен член на обезбедувањето на премиерот Заев, но посочениот синоќа  демантираше дека учествувал во тепачката.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе