Македонија Топ вести

Порталите и непријателите му се криви на гинекологот Асани што пишувале за извадените органи на Веаповска

Гинекологот Мухамед Асани на денот на неговото разрешување од директорската функција, проговори за случајот со родилката од Дебар Илдиз Веаповска. На Фејзбук напиша долг статус на кој главно ги обвинува порталите што пишувале против него и го уништуваат неговиот авторитет. За родилката вели сама потпишала дека сака да биде направена царски рез, но нема ништо за неговата ординација на диво.

Довчерашниот директор на болницата во Струга имал чиста совест. Ова го напиша доцна синока гинекологот Мухамед Асани на својот фејзбук профил истиот кој ја породи родилката од Дебар Илдиз Веаповска на која подоцна и беа извадени и матката јајникот и еден бубрег. Смета дека на несреќата на пациентката сакале да ќарат неговите противници. Ги обвини и порталите дека пишувале само за да добијат лајкови, а не земале предвид дека си играат со неговиот углед и авторитет како лекар.

Мухамед Асани: Повеќе од очигледно е дека овие последователни обвиненија од некои индивидуи и портали кои ниту ме познават лично, ниту ја знаат мојата работа, со исклучок на сериозните медиуми, се всушност потикнати од противници и анти албански настроени индивидуи.

Независно од тоа што првично изгледа како обвинение против лекар, всушност е обвинение против мојата функција како директор на Општа Болница во Струга, функција која јас заслужено и со многу одговорност ја извршувам повеќе од една година.

Вчера Министерот Венко Филипче објави дека директорот ќе биде разрешен од функцијата. Ова дојде после голем притисок од јавноста, два месеци од објавувањето на случајот со Веаповска. Се редеа и други пријави за гинекологот, а меѓу нив е и онаа од семејството Несимовски. Тие го обвинија за лекасрка грешка истиот доктор, бидејки при породувањето сметаат дека го оставил детето без воздух поради што сега има бавен развој. Асани пак во статусот напиша дека Веаповска сама потпишала да и биде направен царски рез, додека вториот случај воопшто и не го споменува.

Инаку државниот здравствен инспекторат во домот на Асани пронајде гинеколошка ординација која не била регистрирана. Но лекарската комора која го истражуваше случајот не пронајде лекраска грешка при постапувањето на гинекологот. Сега министерот најави дека ќе формира нова комисија од министерството за здравство која одново ке го истражува случајот. И обвинителството оствори предистрага но за сега нема податоци дали ќе биде поднесено обвинение против докторот. За сега од министерството нема информација кој е поставен на директорското место на Асани, кој сепак останува да работи во болницата.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ефективен притвор за Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Манев кажа кому го дал пиштолот со кој се убиени Вања и Панче – лицето е уапсено

Дејан Дејан

Над 23 илјади денари за храна и пијалоци му биле потребни на едно семејство во јуни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе