Вести Македонија

Во услови на пандемија СДСМ ќе бира лидер на непосредни избори

Ниту зголемувањето на бројот на заболени и заразени од Ковид 19 не ги поколеба Социјалдемократите да го одложат гласањето кое е закажано за 21 март а на кое треба да се гласа за единствениот кандидат Зоран Заев. Ќе гласаат околу 80 000 граѓани во 80 општини ширум земјата. Гласањето ќе биде  во партиските простории со електронски картички од 8 до 19 часот. Во општинската организација во  Штип се пријавиле 2500 лица.

Партијата уверува дека целиот изборен процес ќе биде безбеден и нема основа од паника и стравување.

Ова ќе бидат први внатрепартиски непосредни избори во СДСМ. Зоран Заев нема противкандидат. Тој во недела ќе побара подршка од членството за нов трет мандат. Новите органи на партијата ќе се бираат на конгресот на 16 мај.Заменик претседателот ќе биде именуван лично  од Заев а ќе се бира и нов состав на Централен и надзорен одбор.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинетите ексдиректори на Клиниката за онкологија Нино Васев и Нехад Нухи одат во ефективен притвор

Дејан Дејан

Протест на пелагониските сточари за лошата состојба во земјоделството

Дејан Дејан

На 58 повредени во пожарот во Кочани веќе им е дадена компресивната облека

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе