Економија Топ вести

Започна откупот на 1.500 тони тутун за кои тутунарите немаат договри

Денeска стартуваше откупот на вишокот тутунот, односно оние произведени количини за кои земјоделците немаат склучени договори. По измените што ги направи Собранието за пролонгирање на законскиот рок на откупот до 31 март, компаниите се обврзаа да преземат уште 1500 тони   колку што останаа неоткупени. Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа, дојде во Прилеп и најви дека навреме ќе бидат преземни вишоците,  но, испрати апел земјоделците во иднина да не произведуваат повеќе од договорното, затоа што токму тоа  создаваат проблеми, а  поради нивните протести се пролонгираше и законскиот рок на откупот.

-Да се придржуваат на тоа што откупните центри им ги даваат како договори, бидејќи само така може да се реши оваа работа. Се што е надвор од договореното производство верувајте ќе донесе проблеми, а со тоа ќе губат интерес и странски инвеститори за да може да опстане оваа гранка, изјави Арјанит Хоџа, министер за земјоделство.

Но, од новоформираните тутнски здруженија пак, велат дека  и откупот на вишокот е лошо органзиран, како што течеше и целиот откупен процес претходно. Производителите не се информирани каде да го предаваат тутнот, и не веруваат дека вишокот ќе биде откупен за две недели.

-Ако на ова се вадат институциите дека поради штрајковите е тутнот останат, е лага. Неорганизацијата доведе до сето ова. Ваков катстрофален откуп во Македонија во изминатите  30 гдини, немало, изјави Игор Мирчевски, Иницијативен одбор на тутунопроизводители.

Но, тутнарите се поделни меѓу себе, групирани во различни здуженија, со различни ставови. Од Сојузот на земјодлески здруженија, пак се оптимисти.

-Денеска почнуваат да се отвораат пунктови, да се зема тој вишок тутун. Од утре до понедлник  и останатите компании ќе отворат и ќе биде откупен  целиот вишок на тутун, изјави Менде Стоманорски, претседател на Сојуз на земјодлески здруженија.

За откуп на вишокот тутун  отврени се 14 пунка во Долнени, Прилеп, Крушево и Радовиш, најголемиот дел ќе го преземе прилепскиот Тутунскиот комбинат. Минатогодишната  реколта тежеше 21 илјада тони  и околу 4.000 тони тутун без договори. Компаниите до крајот на март треба да откупат уште 1.500 тони.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во кочанската болница на рехабилитација се трисетина млади луѓе, кои имаат повреди од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот претседател Владимир Путин е заинтересиран да разговара за траен мир со Украина

Дејан Дејан

Во илјадици евра се проценуваат штетите на струмичките земјоделци чии посеви минатата седмица беа погодени од силно невреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе