Во штипскиот регион се зголемува бројот на ученици и деца од училиштата и градинките, кои заминуваат во изолација, откако нивните наставници и воспитувачки се заразиле со коронавирусот.
Од денеска во изолација се 50 ученици од две штипски основни училишта, кои наставата ја следеле со физичко присуство, а нивните наставници се со потврдени позитивни тестови.
За нив наставата продолжува онлајн. Од пред два дена дома се и 28 деца од една штипска градинка.
Со брзото ширење на британскиот сој расте и бројот на пациенти кои бараат болнички третман во штипскиот ковид центар. Од вчера почна и поставувањето на централниот довод за кислород во модуларната болница
Со отворањето на модуларната болница со 47 кревети, капацитетот на болницата за лекување на корона пациенти се зголемува на 120.
Од почетокот на пандемијата, пред точно една година, во источниот регион се заразиле 9.940 лица, а како резултат од ковид компликации починале 269 лица.
Викторија Јованова