Ковид19 Топ вести

50 ученици од Штип во изолација заради позитивни тестови на нивните наставници

Во штипскиот регион се зголемува бројот на ученици и деца од училиштата и градинките, кои заминуваат во изолација, откако нивните наставници и воспитувачки се заразиле со коронавирусот.

Од денеска во изолација се 50 ученици од две штипски основни училишта, кои наставата ја следеле со физичко присуство, а нивните наставници се со потврдени позитивни тестови.

За нив наставата продолжува онлајн. Од пред два дена дома се и 28 деца од една штипска градинка.
Со брзото ширење на британскиот сој расте и бројот на пациенти кои бараат болнички третман во штипскиот ковид центар. Од вчера почна и поставувањето на централниот довод за кислород во модуларната болница
Со отворањето на модуларната болница со 47 кревети, капацитетот на болницата  за лекување на корона пациенти се зголемува  на 120.

Од почетокот на пандемијата, пред точно една година,  во источниот регион се заразиле 9.940 лица, а како резултат од ковид компликации починале 269 лица.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе