Свет Топ вести

САД очекуваат наплив на мигранти, најголем во последните 20 години

САД очекуваат историски прилив на мигранти на границата со Мексико и се борат со предизвикот за пречек на малолетници без придружба, изјави денеска американскиот секретар за домашна безбедност Алехандро Мајоркас.

– Ќе наидеме на повеќе луѓе на југозападната граница отколку во последните 20 години, рече министерот. Ситуацијата е тешка. Ние работиме деноноќно за да се справиме со тоа, потенцираше Мајоркас.

Зголемениот проток на малолетни мигранти без придружба, од кои некои имаат „само шест или седум години“, станува сè покомплексен проблем бидејќи, за разлика од возрасните, тие не се враќаат во Мексико или во нивната земја на потекло, нагласи министерот.

Прифатните центри на граничните служби за малолетници се „пренатрупани“ и Министерството за здравство „не е во можност да ги смести големиот број деца без придружба со кои се соочуваме, рече Мајоркас.

Изјавата на министерот доаѓа во момент кога републиканците го обвинуваат демократскиот претседател Џо Бајден за создавање поволни услови на границата со олеснување на миграциската политика воведена од неговиот претходник Доналд Трамп.

Сепак, Мајоркас ја бранеше американската традиција на прифаќање мигранти. – Истовремено сме држава на владеење на правото и на имигранти, и тоа е нешто со што се гордееме, потенцираше Мајоркас

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе