Ова е две годишната Амила Несимовска од Дебар. Се уште не зборува и не ги распознава своите родители и братчето.
Има нарушувања откако е родена, а нејзиниот татко Бајрам тврди дека е поради лекарска грешка и тоа на гинекологот Мухамед Асани од Струга, истиот кој го изврши и породувањето на родилката од Дебар на која подоцна и беа извадени матката јајникот и левиот бубрег.
Според документите кои Несимовски ги добиле од детската клиника Амила добила тешка породилна асфиксија или како што напишале лекарите останала без воздух при породувањето.
Таткото тврди, ја испратиле неговата сопруга од Дебар во Струга да се порага за тоа што утврдиле дека околу вратот на детето била изврзана папочната врвка.
Во два попладне се деси до 10 немаше никаков одговор и абер. Жената само седи, ја чуваа на кислород долго време, не е логично. Ми беше јасно кога се развикаа многу доктори, дојдоа дека не е во ред, мислев дека со жена ми се деси за малата на крај памет, сакам да излезе правдата на виделина. Само недостигал кислород и како треба некој да те задави природно се породи а беше за царски рез, вели Бајрам Несимовски, таткото на Амила.
Ова е втор случај поврзан со истиот гинеколог кој во исто време е и директор на Струшката болница.
После два месеци од објавувањето на првиот со родилката Илдиз Веаповска, но и откако инспекторатот утврди дека докторот дома си имал дива ординација, министерот Венко Филипче се охрабри да го разреши од функцијата.
Но за сега докторот останува и со лиценца и продолжува да работи во болницата бидејки лекарската комора не утврди лекарска грешка.
Против него кривични пријави поднесоа и Веаповска и Несимовски, но за обвинителството е рано да открива до каде е предистрагата.
За случајот со Несимовски запознаен е и Државниот здравствен инспекторат но бидејки во рамки на неговите надлежности не утврдил пропусти, побарал министерството за здравство додатно да направи стручен надзор на целокупната документација.
Билјана Николовска