Македонија Најважни

„Лажго и плачко“-Шекеринска за казнетиот опозициски полковник Ковачки кој му се заканувал на началникот на Генералштабот

Драмата со СМС закани во генералштабот од типот „Долга е раката на ВМРО“ заврши со казна за заканувачот. Полковникот Драган Ковачки кој како активен офицер е и активен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде казнет со по 30 проценти од плата во наредните месеци. Предлогот на дисциплинската комисија бил губење на чинот по што следи и отказ од армијата, но Чекеринска не го потпишала тоа решение, па се е префрлено на пониско скалило на одлучување. Паричната казна ја изрекол началникот на Генералштабот кон кого била упатена заканата. Првичната реакција на опозицискиот полковник беше дека е казнет противзаконски и во наместена од министерката дисциплинска постапка. На тоа доби одговор.

Не е учтиво од уста на дама на толку висока политичка и партиска функција да напаѓате на личност со неумесен речник и да ме наречете плачко и лажго, одговори преку Фејсбук казнетиот Ковачки. Смета дека неговата казна е и дефокус од реалните проблеми меѓу кои и улогата на министерот за одбрана во набавките на кинеските вакцини од ФАНТОМ фирмата во Хонг Конг.

ФЕЈСБУК СТАТУС НА ДРАГАН КОВАЧКИ: Престанете да манипулирате и кажете и’ на јавноста дека Комисија предводена од генерал не најде докази за тоа за што ме обвинувате, а Вашата комисија во која нема ниеден генерал туку има и лица помлади по чин од мене, Ви достави нарачан предлог. Па од авион се гледа Вашиот притисок врз Вашата комисија. Институцијата не Ви е партиска играчка да се пресметувате со мене затоа што не мислам како Вас.

Со Шекеринска во посета на реновираниот градиски павилјон во касарната Илинден беше и началникот на Генералштабот генералот Васко Ѓурчиновски. Бара политиката да остане надвор од армијата, а офицерите да ги почитуваат армиските правила без закани и навреди како што стори Ковачки.

Кога беше отворена дисциплинска постапка за неговите закани, Ковачки против својот надреден поднесе кривична пријава против Шекеринска за објавување класифицирани информации.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За 30 отсто помалку запишани првачиња во Битола во споредба со лани

Дејан Дејан

Зголемена стапката на морталитет

Дејан Дејан

Контролорите на летање најавуваат штрајк на 10 јули – според нив се вработуваат партиски советници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе