Економија Топ вести

Северна Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата вчера на 53. седница.

Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25 отсто удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А, се наведува во соопштението на владината прес-служба.

За сите следни активности за реализацијата на овие проекти задолжени се „НЕР АД“ Скопје и „АД ЕСМ“ редовно да ја информираат Владата на Република Северна Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Повисоки цени во однос на мај – услов за активирање на владини мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе