Македонија

Каракачанов со список на македонски политичари со бугарско државјанство или нивни двојници?

Македонски пратеници и политичари со право на глас на изборите во Бугарија или нивни двојници. Список од 17 имиња и презимиња идентични со имиња на сегашни и поранешни високи функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ денеска осамнаа на фејсбук профилот на бугарскиот вицепремиер и лидер на ВМРО- Бугарското национално движење, Красимир Каракачанов, кој објавувајќи го списокот напиша дека листајќи ги избирачките списоци на бугарските општини наишол на интересни имиња на граѓани од Македонија,

На списокот на Каракачанов се најдоа извесен Никола Мицевски со право на глас во Ќустендил, а во истиот град со право на глас се и лицата Стефан Андонов, Љупчо Димовски, Иван Јорданов, Игор Здравковски, додека личностите Александар Николовски може да гласа во Софија, исто како и Антонио Милошоски, а македонски граѓани со име и презиме Александар Пандов, Филип Петровски, Марија Петрушевска се регистрирани како гласачи во Средец, а Петар Богојески во Обориште.

Каракачнов вели дека можеби имињата случајно се совпаднале со имињата на лица кои имаа високи политички и општествени позиции во Македонија.

„Меѓутоа, ако не е случајно и ако овие луѓе се оние на кои размислувам, се надевам дека и ова е во ред. Сакам да верувам дека повеќе не е кривично дело против „македонската чест“ ако македонски политичар, јавна личност или близок роднина на крв се изјасни слободно и како етнички Бугарин без да биде навреден, навреден или исмеван заради тоа“, напиша Каракачнов.

Телма ги побара објавените имиња на избирачките списоци во Бугарија. Некои од нив ги најде со пребарувач, некои не фигурираа на листите во посочените општини, но со сигурност може да се каже дека со случајно листање на списоците, како што тврди Каракачнов, без конкретно барање на поединечни имиња, би биле потребни денови да се излистаат списоците со околу седум милиони регистрирани гласачи во Бугарија.

Нацел час пообјавата од Каракачанов почнаа да стигаат деманти од лицата чии имиња се идентични со оние до неговиот список, а колективен демант стигна и од ВМРО-ДПМНЕ од каде наведуваат дека нивните членови со исти имиња немаат бугарско државјанство. Демант стигна и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ чиј координатор претходно на фејсбук напиша дека ова е најголемата глупост што ја има прочитано во мојата досегашна политичка кариера.

„Од комуникациите што ги имам со пратениците, ниту еден од нив нема бугарски пасош ниту лична карта“.

– Сметате дека е случајност?

„Не е случајност. Очигледно секогаш кога треба да има дефокус од сканадалите кои ги има Зоран Заев во државата, го користи неговото другарче Каракачанов, кое излегува со вакви скандалозни изјави“, изјави Мицевски.

Со личен демант се огласија Петар Богојески кој преку фејзбук му порача на Каракачанов дека ја преминал црвената линија и оти со лага се обидува да стане ага.

„Другарчо Краси, сега доколку потврдиш дека сум јас, тој кој си го објавил со име и презиме како моето, ти останува само еден избор: Или ќе ми дадеш пасош во брза постапка (секако без пари, рушвет не ти давам) или ќе треба насуд да ги докажешсите лаги и клевети.ќ изречени за мене, напиша меѓу другото Богојески на фејсбук. 

Александара Пандов со навреди кон Каракачанов објави:

„Јас се колнам во крвта моја македонска дека немам никаква друга патна исправа освен македонска!!!“, објави Пандов.

Инаку на претстојните изборите во Бугарија за гласање се пријавиле само 328 лица од Македонија иако бугарските политиачри тврдат дека повеќе од 100.000 макеоднски граѓани со бугарски пасоши. Според податоците на Изборна комисија во Бугарија, најмногу од пријавените за гласање од Македонија се од Охрид 99, па Струмица и Штип со 65 и 61, а во Скопје и Битола 52, односно 51.

Откако Каракачнов објави имиња на македонски граѓани со бугарско државјанство се отвора прашањето дали ќе има реакција на бугарските власти на ваквиот потег како што во ноември имаше реакција откако на фејсбук група од Македонија беа објавени имиња на македонски граѓани со бугарски пасоши. Тогаш Софија бараше брза реакција од македонските власти групата да биде затворена поради ширење на говор на омраза кон нејзини државјани, а на разговор во бугарското МНР беше повикан и в.д. амбасадорот на Македонија во Бугарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стојановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе