Македонија

ЕЛЕМ самостојно ќе управува со Попова Шапка

Услови за нови инвестиции во развојот на Попова Шапка се очекува да се создат со владината одлука со која ЕЛЕМ ТУРС ќе управува со ски центарот како самостоен субјект, а потоа ќе започне и постапка за јавно-приватно партнерство.

Од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, која учествуваше во разговорите, свесни се дека истото нема да биде брзо, но тие ќе бидат упорни за да се оствари.

Од Иницијатива во изминатите години постојано потсетуваа на проблемите на Попова Шапка.

Велат паралeлно со постапката за одделување на фирмите, мора да се инвестира за подобрување на условите во центарот, за следната сезона да нема колони возила, како годинава.

Дополнително од Иницијативата ја потенцираат и неопходноста од детален урабистички план за центарот, како и да се започне со проектна документација за годонолата Тетово – Попова Шапка, која според нив ќе биде спас за проблемот со транспортот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе